ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР

Националната Асоцијација за Дојдовен Туризам на Македонија (НАИТМ) бара динамична и мотивирана личност за позицијата Оперативен Менаџер. Доколку сте посветени, организирани и имате страст кон туризмот и развојот на секторот, ова е одлична можност за вас!

Клучни обврски:

  • Организирање и координирање на секојдневните активности на асоцијацијата.

  • Поддршка во планирање и имплементација на проекти.

  • Комуникација со членови на асоцијацијата, партнери и релевантни институции.

  • Учествување во изработка на извештаи и презентации.

Барања:

  • Одлично познавање на англиски јазик (усно и писмено).

  • Напредно користење на компјутери (MS Office пакет).

  • Предност ќе имаат кандидатите со искуство во туристичкиот сектор или оние што имаат искуство во работење со проекти.

Што нудиме:

  • Професионален развој и можности за напредок.

  • Работна средина во која се поддржуваат иницијативите и иновативноста.

  • Прилика за работа во сектор со голем потенцијал за раст и влијание.

Ако сметате дека сте вистинската личност за оваа позиција, испратете ја вашата кратка биографија (CV) на info@naitm.org.mk.

Краен рок за аплицирање: 01.12.2024.

Очекуваме со нетрпение да ве запознаеме и заедно да ги унапредиме стандардите во дојдовниот туризам на Македонија!