Осло – 16 април 2026 | Хелсинки – 17 април 2026
Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) организира промотивно туристичко роудшоу во Осло и Хелсинки, со цел промоција на С. Македонија и регионот на Западен Балкан како атрактивна туристичка дестинација на скандинавскиот пазар.
Настаните се наменети за туроператори, туристички агенции, медиуми и професионалци од туристичката индустрија од Норвешка и Финска, кои ќе имаат можност директно да се запознаат со туристичката понуда на С. Македонија и регионот.
Роудшоу програмата вклучува презентација на туристичките потенцијали на дестинацијата, како и B2B состаноци меѓу туроператори и претставници од туристичкиот сектор, со цел развивање на нови партнерства и креирање туристички програми за скандинавскиот пазар.
Преку овој настан учесниците ќе имаат можност да се запознаат со културното наследство, природните убавини, гастрономијата, активниот и винскиот туризам, како и со потенцијалот на С. Македонија и Западен Балкан за организирани тури, индивидуални патувања и incentive програми.
Со организирањето на настаните во Осло и Хелсинки, НАИТМ ја заокружува серијата промотивни активности насочени кон нордиските пазари, дополнително зајакнувајќи ја видливоста на С. Македонија и регионот на Западен Балкан во северниот дел на Европа. Преку овие настани се создаваат нови можности за соработка со туроператори и туристички компании од Норвешка, Финска и поширокиот скандинавски регион, со цел развој на нови туристички програми и зголемување на интересот за дестинацијата.