5-ТА МАКЕДОНСКА ТУРИСТИЧКА БЕРЗА

Овогодинешната 5-та Македонска Туристичка Берза за прв пат ќе се одржува во онлајн хибриден формат. Тоа не значи дека ќе се разликува по обем, но сепак начинот на изведба и фокус дефинитивно ќе бидат променети. Со вашето учество на овој настан ќе присуствувате на конференција каде еминентни спикери од областа на туризмот ќе ги посочуваат успешните решенија на тековните предизвици како и стратегии за предизвиците кои следат по глобалната здравствена и економска криза, низ призмата на новата Дигитална економија. Главната цел што сакаме да ја постигнеме преку овој настан е да се соочиме со реалните очекувања, новите трендови и моменталната состојба на индустријата.

Дозволете ни да ја сподели информацијата за учеството на, внимателно одбрани, 30 тур оператори од Обединетото Кралство, Германија, Швајцарија и Австрија кои во своите визии за успешна туристичка понуда ја имаат Македонија како дестинација. Фактот големите европски туроператори ја имаат нашата земја во нивните планови гласно говори за светлата иднина на македонскиот туризам. Но, не смееме ни да гo занемариме нивното долгогодишно искуство кое нè обврзува достојно да ја преставиме Македонија. Свесни сме сите дека во периодот што следува, отворањето на нови бизнис можности е од клучно значење за сите чинителни во дојдовниот туризам, затоа остварувањето на нови бизнис релации како цел ни е поставена на највисоко место.